ИМАШ ИДЕЈА Може да ти донесе милион денари: 413 тимови веќе се пријавија
Средношколците имаат рок до 11 ноември да ги пријават своите иновативни идеи. Не е потребен готов производ ниту претходно бизнис-искуство, туку добра идеја што може да вреди еден милион денари.

Дури 413 средношколски тимови веќе се пријавиле на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја, во кој главната награда е инвестиција од еден милион денари. Интересот расте, а средношколците имаат уште само неколку дена да се вклучат во трката за големата награда.
Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а можноста е отворена за сите средношколци во Македонија.
За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис-план или претходно претприемачко искуство. Доволни се добра идеја, креативност и желба таа да се претвори во реален проект.
Натпреварот опфаќа идеи од најразлични области – технологија, образование, екологија, услуги и дигитални решенија. Шанса има секој тим што ќе понуди иновативен пристап, ќе препознае конкретен проблем и ќе понуди решение што создава нова вредност.
Минатогодишното издание го освои тимот Stay-Be од Битола со проектот „Систем 4“.
Организатори на натпреварот се Brainster Next College и NU High School Academy, со цел да го поттикнат претприемачкиот дух и иновативниот потенцијал кај младите.
Заинтересираните средношколци можат да се пријават најдоцна до 11 ноември преку официјалната платформа: natprevar.com.
Натпреварот е поддржан и од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

