НОВ СТУДИСКИ АЛБУМ И ТУРНЕЈА ВО АМЕРИКА Ѓоко Јовиќ го најави својот следен студиски албум
Новиот студиски не е единствената новост која ја најави пејачот, имено, заедно со својот бенд „Енерџи Бенд" Ѓоко активно се подготвува за уште една голема турнеја во Америка.

Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ го најави својот следен студиски албум на кој веќе интензивно работи со докажани имиња од регионалната музичка сцена, меѓу нив се Бане Опачиќ, Сашко Николиќ и Мира Мијатовиќ.
– Еве конечно можам да најавам дека набрзо ќе промовирам нови песни од мојот следен студиски албум. Интензивно работиме, снимаме, се работи на финеси за се да биде перфектно спакувано пред да стигне до публиката. Имам одличен тим и верувам дека како и претходните, така и овие песни ќе допрат до срцата на мојата публика ширум светот, вели Ѓоко Јовиќ.
Новиот студиски не е единствената новост која ја најави пејачот, имено, заедно со својот бенд „Енерџи Бенд” Ѓоко активно се подготвува за уште една голема турнеја во Америка. Ова е нивна четврта по ред турнеја во Америка.

