ПЕКОЛНИ 40 СТЕПЕНИ, А ПОТОА СИЛНО НЕВРЕМЕ Македонија под двоен временски удар
Температурите ќе достигнат до 40 степени, а попладне во повеќе делови од земјата се очекуваат локални поројни дождови, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со појава на град.

Фото: Национал
Времето денеска (20 јули) ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 16 до 40 степени.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во поединечни делови од котлината, се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и краткотрајни невремиња.
CATEGORIES Македонија


