ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне доаѓа невреме со дожд и грмежи

Сончевото и многу топло време ќе биде проследено со локална нестабилност, пороен дожд и грмежи во попладневните часови

ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне доаѓа невреме со дожд и грмежи
Фото: Принтскрин

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 39 степени Целзиусови. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилност, проследен со пороен дожд, грмежи и краткотрајни невремиња во одредени места.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде висока, со услови за изразена топлина во текот на денот.

CATEGORIES
Share This