ПАНИКА ВО КИСЕЛА ВОДА Станари бегаа боси среде ноќ по пожар во зграда

Нема информации за потешко повредени лица, сСе утврдуваат причините и материјалната штета од пожарот.

ПАНИКА ВО КИСЕЛА ВОДА Станари бегаа боси среде ноќ по пожар во зграда
Фото: Принтскрин

Во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода избувна пожар, најверојатно предизвикан од запалена електрична инсталација, според првичните информации.

Густ чад брзо се проширил низ објектот, поради што станарите итно ги напуштиле своите станови. Меѓу нив имало и семејства со мали деца и бебиња, кои во паника излегле надвор, дел од нив боси и облечени само во пижами.

На терен интервенирале противпожарни екипи кои успеале да го локализираат и целосно изгаснат пожарот, спречувајќи негово ширење кон останатите станови.

Засега нема информации за потешко повредени лица, а надлежните служби вршат увид за да се утврдат точните причини и евентуалната материјална штета.

Жителите сведочат дека сцените биле драматични, бидејќи биле разбудени од мирис на чад и аларм од соседите, по што во паника ја напуштиле зградата.

CATEGORIES
Share This