ПОДГОТВЕТЕ СЕ Овие делови од Скопје денес остануваат без електрична енергија
ЕВН најави планирани прекини поради технички интервенции и одржување на мрежата

Фото: Принтскрин
ЕВН Македонија информира дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку општини, во следните термини:
- Од 08:00 до 12:00 часот – корисници на улицата „Партизански Пат“, општина Кисела Вода;
- Од 08:00 до 14:00 часот – селата Рашче, Бојане и Копаница, дел од село Кондово, како и Хлорната станица Рашче, општина Сарај;
- Од 09:00 до 09:30 часот – дел од потрошувачите на улицата „Иван Цанкар“, општина Карпош;
- Од 09:00 до 12:30 часот – улици 1 и 2 во новата населба Хиподром, општина Гази Баба;
- Од 09:00 до 15:00 часот – улицата „Владимир Комаров“, општина Аеродром;
- Од 11:00 до 15:00 часот – дел од корисниците на улицата „Ванчо Мицков“, општина Карпош;
- Од 13:00 до 15:00 часот – улица 1 (во правец од општина Сопиште кон Горно Соње).
CATEGORIES Македонија


