ПАД НА ЗАКУПИТЕ, НО ЦЕНИТЕ СКОКААТ За што Македонците плаќаат сè повеќе
Деловните простори доминираат на пазарот, а нивната вкупна месечна закупнина е зголемена за дури 20 проценти.

Во вториот квартал од 2026 година во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани вкупно 2.148 договори за закуп, што претставува пад од 17 проценти во однос на првиот квартал. И покрај намалувањето на бројот на закупи, вкупната месечна закупнина бележи раст од 9 проценти и достигнува околу 1,2 милиони евра, односно 76.252.047 денари.
Најголем дел од регистрираните закупи се однесуваат на деловни простори – 935, што претставува 44 проценти од вкупниот број. Следуваат становите со 630 закупи (29 проценти), куќите со 235 (11 проценти) и земјоделското земјиште и шумите со 210 закупи (10 проценти). Индустриските и градежните земјишта учествуваат со по два проценти, додека гаражите и останатите недвижности со по еден процент.
Кај становите, во споредба со првиот квартал од годинава, бројот на закупи е намален за 14 проценти, а вкупната месечна закупнина е пониска за 9 проценти. Кај куќите е регистриран уште поголем пад – бројот на закупи е намален за 24 проценти, додека вкупната месечна закупнина е пониска за 5 проценти. Кај деловните простори, пак, бројот на закупи е намален за 8 проценти, но вкупната месечна закупнина пораснала за значителни 20 проценти во однос на првиот квартал.
Најмногу закупи се регистрирани во Општина Центар – 286, потоа во Аеродром – 197, Карпош – 173 и Битола – 129. Просечната месечна закупнина по квадратен метар станбен простор во Центар изнесува 408 денари, во Аеродром 375 денари, во Карпош 354 денари, во Кисела Вода 326 денари, а во Штип 266 денари.
Во периодот април–јуни биле закупени недвижности со вкупна површина од 2.422.990 квадратни метри. Најголема површина отпаѓа на земјоделско земјиште и шуми, додека највисока месечна закупнина е постигната кај деловните простори. По месеци, најголем број закупи се регистрирани во април – 776, потоа во јуни – 703, додека најмал број бил евидентиран во мај – 669, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини.
ПРОСЕЧНИ МЕСЕЧНИ ЗАКУПНИНИ – Од 3.489 до 22.736 денари по стан

