ОТВОРЕН НАЈГОЛЕМИОТ МУЗЕЈ ПОСВЕТЕН НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ Изградбата чинела една милијарда долари
Музејот има 12 изложбени сали и ги чува 50.000 артефакти, вклучувајќи ја целата колекција од гробницата на фараонот Тутанкамон, првпат изложена од 1922 година.

Египет го отвори Големиот египетски музеј, најголемиот светски музеј посветен на древната цивилизација, со инвестиција од 1 милијарда долари.
Музејот има 12 изложбени сали и ги чува 50.000 артефакти, вклучувајќи ја целата колекција од гробницата на фараонот Тутанкамон, првпат изложена од 1922 година. Сместен е на 2 км од Пирамидите во Гиза.
На свеченото отворање присуствуваа 79 странски делегации, вклучувајќи 39 предводени од кралеви, принцови, претседатели и премиери, а музичари од САД, Јапонија, Австралија и Бразил настапија на настанот.
Музејот ќе биде отворен за јавноста на 4 ноември.
CATEGORIES Магазин


