ОСВОЕНА НАЈВИСОКА НАГРАДА ВО КРАКОВ – Ова е гордоста на Македонија
Македонскиот ансамбл „Илинден“ ја освои престижната Гран при награда на фестивалот „Wawelskie Skarby“ во Краков.

Фото: Принтскрин
Македонскиот фолклорен ансамбл „Илинден“ ја освои Гран при наградата на меѓународниот фестивал „Wawelskie Skarby“, кој се одржа во Краков, Полска.
Од ансамблот информираат дека ова е втора година по ред како „Илинден“ добива меѓународно признание, а годинашниот настап бил крунисан со највисоката награда на фестивалот.
За време на посетата, ансамблот добил и специјална покана за настап во Кралскиот замок Вавел, едно од најзначајните историски обележја во Краков.
Од „Илинден“ истакнуваат дека успехот е резултат на посветената работа на играорците, кореографите и целиот тим, како и на поддршката од родителите.
CATEGORIES Култура
