ДО ПЛАДНЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА – Еве кои делови се погодени

Дефект во мрежата и зафати на Водовод и ЕВН го погодија градот.

ДО ПЛАДНЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА – Еве кои делови се погодени
Фото: Принтскрин

Прекин на водоснабдувањето денеска од 9:30 часот ќе имаат корисниците од населбата 11-ти Октомври, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Причината е дефект на цевка ф-80 мм на улица „Лазар Димитров“ бр. 18. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до целосна санација на дефектот.

Воедно, од ЕВН Македонија АД соопштуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе делови од Скопје: од 04:30 до 15:30 часот корисниците од фирмите Стил Железо, Електроводомонт, Европа 92, како и жителите на улиците 1506, 1550 и Дани Калош во индустриската зона Момин Поток, општина Карпош; од 08:30 до 14:00 часот корисниците од улицата Роман Каскалиевиќ во населбата Сингелиќ, општина Гази Баба и од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улиците Нерешка, Теодосиј Синаитски и Жданец во општина Карпош.

CATEGORIES
Share This