ОСТРО ОД ТЕХЕРАН – Американците мора да се повлечат

Сè поостра реторика од ирански претставници кон американските сили на Блискиот Исток.

ОСТРО ОД ТЕХЕРАН – Американците мора да се повлечат
Фото: Принтскрин

Иранскиот парламентарен комитет за внатрешни работи, преку својот претседател Мохамед Салех Џокар, порача дека планот од 10 точки за примирје на Блискиот Исток претставува „црвена линија“ за Иран.

Во интервју за агенцијата Мехр, тој испрати порака и до САД, наведувајќи дека Техеран очекува американските сили да се повлечат од регионот и дека условите за договор мора да ги диктира страната што, како што рече, има предност на терен.

Џокар истакна дека Иран нема доверба во САД и дека, според него, земјата ќе продолжи да ја зајакнува својата позиција.

Дополнително, тој повтори повик за повлекување на американските трупи од регионот.

Претходно во април, ирански државни медиуми објавија дека Техеран поставил 10 услови за прекин на огнот, меѓу кои се ненапаѓање, иранска контрола врз Хормутскиот теснец, збогатување ураниум на домашна територија, укинување на санкциите, компензација и повлекување на странски сили од регионот.

CATEGORIES
Share This