МИЦКОСКИ И ВУЧЕВИЌ НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ – Фокус на стабилноста и соработката

Разговорите во Скопје се фокусираа на зајакнување на билатералните односи и регионалната стабилност.

МИЦКОСКИ И ВУЧЕВИЌ НА СРЕДБА ВО СКОПЈЕ – Фокус на стабилноста и соработката
Фото: Принтскрин

Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, денеска во Скопје остварил средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски.

Според Вучевиќ, на средбата се разговарало за унапредување на односите меѓу Србија и Северна Македонија, зачувување на регионалната стабилност и продлабочување на соработката меѓу двете партии.

„Имавме добар и конструктивен разговор со Христијан Мицкоски за натамошно јакнење на соработката меѓу Србија и Северна Македонија, како и за важноста од стабилен регион и поблиски односи меѓу нашите народи. Добрите односи, меѓусебната почит и соработката се клучни за иднината на целиот регион“, напиша Вучевиќ по средбата.

CATEGORIES
Share This