ОДМАЗДА БЕЗ ПРЕСЕДАН Иранска хакерска група ја тресе Америка

Иранска хакерска група тврди дека извршила сајбер напад врз водна инфраструктура во Калифорнија.

ОДМАЗДА БЕЗ ПРЕСЕДАН Иранска хакерска група ја тресе Америка
Фото: Принтскрин

Иранската хакерска група „Хандала“ соопшти дека извела сајбер напад врз објекти од водната инфраструктура во американската сојузна држава Калифорнија, наведувајќи дека акцијата претставува одговор на неодамнешните американски операции против Иран.

Во соопштението објавено од групата се тврди дека нападот бил насочен кон системите за управување со водоснабдувањето во Калифорнија, како одмазда за, како што велат, американските напади врз ирански цивили и водна инфраструктура. Информацијата ја пренесе иранската новинска агенција Fars News Agency.

Според тврдењата на „Хандала“, операцијата била покрената по нападите врз јужните ирански области Минаб и Сирик, при што наводно биле оштетени локални водни ресурси.

Хакерската група наведува дека успеала да добие пристап до релевантни системи, но свесно се воздржала од прекинување на водоснабдувањето во американските градови, оценувајќи ја акцијата како предупредување до Вашингтон.

Во пораката се предупредува дека секоја идна акција против Иран ќе биде проследена со реципрочен одговор насочен кон критичната инфраструктура на земјите што, според нив, ќе бидат вклучени во такви операции.

CATEGORIES
TAGS
Share This