ОДБИЕНО, ПА ОДОБРЕНО Му го враќаат пасошот на обвинетиот за злоупотребени милионски тенедери за РЕК „Битола“

Обвинителството објасни зошто ја сменило позицијата – клучен аргумент била фирмата на Марковски во Србија.

ОДБИЕНО, ПА ОДОБРЕНО Му го враќаат пасошот на обвинетиот за злоупотребени милионски тенедери за РЕК „Битола“
Фото: Принтскрин

Обвинителството донесе одлука да му биде вратен пасошот на Борче Марковски, обвинет во случајот за злоупотреби со тендери во РЕК „Битола“, откако Вишото јавно обвинителство Битола го задолжило надлежниот обвинител да даде позитивно мислење по барањето на одбраната.

Од Основното јавно обвинителство Струга информираат дека првично, на 15 јуни 2026 година, било дадено негативно мислење за враќање на патната исправа. Но, по новото барање од одбраната, предметот бил доставен на разгледување до Вишото јавно обвинителство Битола.

По извршеното реферирање, Вишиот јавен обвинител донел заклучок со кој му наложил на понискиот обвинител да поднесе позитивно мислење и да се уважи предлогот за враќање на привремено одземениот пасош.

Како причина за ваквата одлука биле наведени гаранциите со кои, според обвинителството, се отстранува опасноста од бегство. Дополнително, биле прифатени аргументите на одбраната дека Марковски има фирма во Србија, чие работење било доведено во прашање, а неговото итно патување било потребно за потпишување документација поврзана со работењето на компанијата.

„Постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку обвинетиот во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата“, наведуваат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека сите аспекти на донесената одлука и дадената аргументација дополнително ќе бидат анализирани. Во моментов, велат, не може да се смета дека обвинетиот е во бегство, а тој и понатаму има обврска редовно да се јавува пред судот.

CATEGORIES
TAGS
Share This