ОД 1.000 ЕВРА ДО ИМПЕРИЈА – Бачев ја отвори најжешката тема за Мијалков
Објавата стана вирална и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи - се отвора прашањето како од плата се стигнува до милионски богатства.

Професорот и лидер на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, преку објава на Фејсбук упати повик до Јавното обвинителство да постапи по „допрен глас“ во врска со имотот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
-„Обвинителството бара „допрен глас“? Еве ви глас што одекнува!
Денес прочитав нешто од реакцијата на обвинителството дека не постапуваат по сѐ и сешто туку само по докази или ДОПРЕН ГЛАС а во врска со денешната препирка околу (не)легалноста на имотот на еден од најголемите бандити во поновата македонска историја Сашо Мијалков.
Одлично господа обвинители. Тогаш слушнете внимателно!
Сашо Мијалков десет години беше директор на тајната полиција. Плата околу 1.000 евра, еве и неговата сопруга како балерина нека имала 1.000 евра, што значи семејството Мијалкови за дест години/120 месеци можеле да заработат 240.000 евра без да потрошат ниту денар за основни потреби.
Денес Мијалкови имаат не 240 илјади, туку најмалку 240 милиони евра.
Според важечкиот закон, доколку имотот не може да се покрие со легалните приходи следува постапка против односното лице. Во случајот, Мијалков никако не може да докаже дека имотот го стекнал со легалните примања што ги имал.
Уште ова. Во 2002 година, кога Мијалков беше избркан од министерството за одбрана на Кљусев поради шверцување, Груевски како министер буквално го молеше тогашниот премиер Љубчо Георгиевски да му најдат некоја работа на Саше во администрација за да има плата за живеачка или со други зборови да не остане гладен.
Според тоа, од „дајте му на Саше работа за плата“ до империја вредна стотици милиони евра. Господа обвинители, ако ова не е „допрен глас“ – тогаш што е?
Останатото е историја. Денес, Мијалков со својот пријател Заев со кој заедно ја пљачкаа и предадоа Татковината се слободни луѓе кои уживаат во Монте Карло и Дубаи и ни се смеат на сите.
Ова не е шепот. Ова е аларм. Споделете.
