ДЕН СО ДВЕ ЛИЦА – Мирно утро, бурно попладне со дожд и грмежи
Метеоролозите најавуваат локални врнежи кои на места ќе бидат поинтензивни.

Фото: Принтскрин
Времето денеска (16.04) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и температура во интервал од 7 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на М акедонија. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
CATEGORIES Македонија
