НОВА ВОЕНА ЕРА – Берлин создава најмоќна армија што ја менува рамнотежата, Москва предупредува

Русија со остри реакции по најавата за нова германска воена стратегија.

НОВА ВОЕНА ЕРА – Берлин создава најмоќна армија што ја менува рамнотежата, Москва предупредува
Фото: Принтскрин

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков оцени дека најважно е Германија да не се враќа на патиштата од своето историско минато, коментирајќи ги најавите од Берлин за нова воена стратегија и амбициите за создавање најсилна армија во Европа.

Тој за руските медиуми изјави дека Германија, со ваквите планови, повторно привлекува внимание во Европа, особено затоа што првпат по Втората светска војна усвојува ваков вид стратешки воен документ.

Според Песков, дел од Европејците со загриженост ги следат ваквите најави, бидејќи тие се поврзуваат со амбициите на Берлин за значително зајакнување на своите вооружени сили и позицијата во рамки на европската безбедносна архитектура.

Берлин официјално, за прв пат во својата историја, усвои воена стратегија. Во документот е наведена целта за создавање на најмоќната армија во Европа до 2039 година.

CATEGORIES
Share This