НОВА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА И 1.000 ВРАБОТУВАЊА Инвестиција од 100 милиони евра на турски „Шахтерм“

Со оваа нова инвестиција, Македонија се позиционира како значајна локација за странски производствени и технолошки капацитети, со што се очекува позитивно влијание врз локалната економија и вработеноста.

НОВА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА И 1.000 ВРАБОТУВАЊА Инвестиција од 100 милиони евра на турски „Шахтерм“
Фото: Фејсбук

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје денеска официјално ќе започне изградбата на новата фабрика на турската компанија „Шахтерм“, со поставување камен-темелник на објектот. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Станува збор за инвестиција вредна 100 милиони евра, согласно договорот склучен меѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и компанијата „Шахтерм“. Објектот, кој ќе зафаќа површина од над 13.000 квадратни метри, ќе биде првиот производствен капацитет на компанијата надвор од Турција.

Инвестицијата предвидува отворање на околу 1.000 нови работни места, како и воспоставување на истражувачки и развоен центар, што дополнително ја зацврстува заложбата на „Шахтерм“ за долгорочно присуство во земјава.

Компанијата „Шахтерм“ е со повеќедецениско искуство во дизајн и производство на системи за греење наменети за бела техника и апарати за домаќинство. Основана пред повеќе од 40 години, денес е позиционирана меѓу петте водечки глобални компании во својата индустрија, со повеќе од 50 отсто од годишното производство извезено надвор од Турција.

Меѓу клиентите на „Шахтерм“ се вбројуваат некои од најголемите светски производители на бела техника, како „Whirlpool“, „Amica“, „Gorenje“, „Beko“ и „Candy“.

Со оваа нова инвестиција, Македонија се позиционира како значајна локација за странски производствени и технолошки капацитети, со што се очекува позитивно влијание врз локалната економија и вработеноста.

CATEGORIES
TAGS
Share This