НОВА ЕПИЗОДА ВО КОКАИНСКАТА ВОЈНА ФРЧКОВСКИ – ЛЕФКОВ Кога ќе одиме на тестирање – Стигна жесток контрапредизвик

По осум дена молк, Фрчковски повторно го повика Лефков на тест за наркотици, а пратеникот му возврати со барање да ги пријави оние за кои тврди дека му набавувале дрога.

НОВА ЕПИЗОДА ВО КОКАИНСКАТА ВОЈНА ФРЧКОВСКИ – ЛЕФКОВ Кога ќе одиме на тестирање – Стигна жесток контрапредизвик
Фото: Принтскрин

Нова епизода во јавната пресметка меѓу Јон Фрчковски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Двајцата продолжија со меѓусебни прозивки и предизвици поврзани со наводи за користење наркотици.

Осум дена по првиот јавен повик, Фрчковски повторно преку социјалните мрежи го повика Лефков заедно да направат лабораториски тестови за присуство на недозволени супстанции.

„Миле, кога ќе одиме? Поминаа осум дена откако те прозивам. Мислиш дека со недела-две нешто ќе сокриеш? Џабе го трошиш времето, треба да минат месеци и години. Те повикав да се тестираме за наркотици, а ти кажав дека ќе бидеме фер и за алкохол нема ни да правиме муабет“, порача Фрчковски.

Лефков, пак, наместо да прифати или одбие тестирање, упати контрапредизвик и го обвини Фрчковски дека од сериозна тема се обидува да направи „реалити-шоу“.

„Ако веќе јавно признаваш дека си користел дрога, пријави ги оние од кои си ја набавувал! Имињата на твоите дилери и право во Единицата за недозволена трговија и во ОЈО – Јон, тоа е вистинскиот предизвик“, порача Лефков.

Пратеникот во својата реакција дополнително изнесе тврдење дека Фрчковски ужива повластен третман од надлежните институции, споредувајќи го тоа со постапувањето кон граѓани кои се осомничени за вакви кривични дела.

Засега, јавната преписка продолжува преку меѓусебни предизвици и обвинувања, додека останува отворено прашањето дали двајцата ќе го прифатат предизвикот за независно лабораториско тестирање.

ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ДО „БЕЛО“ Лефков и Фрчкоски се обвинија за кокаин, па се предизвикаа на тест

CATEGORIES
TAGS
Share This