НОВ УДАР ЗА ЕВОПСКАТА ЕКОНОМИЈА – Пропаднаа клучните преговори со САД

Преговорите траеја повеќе од шест часа, но завршија без конкретен исход.

НОВ УДАР ЗА ЕВОПСКАТА ЕКОНОМИЈА – Пропаднаа клучните преговори со САД
Фото: Принтскрин

Преговорите меѓу Европскиот парламент и земјите членки на Европската Унија за имплементација на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави завршија без постигнат конечен договор, и покрај неколкучасовните интензивни разговори и засилениот притисок од Вашингтон.

Дискусиите, кои траеле над шест часа, биле фокусирани на укинување на европските царини за американски индустриски производи, како дел од договорот постигнат минатото лето во Тарнбери помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

До неуспех доаѓа само неколку дена откако Трамп најави можност за воведување царини од 25% за автомобили од ЕУ, што е повисоко од претходно договорената граница од 15% за европските производи.

И покрај тоа што не е постигнат договор, кипарското претседателство со ЕУ оцени дека разговорите сепак придонеле за „позитивен моментум“ и дека е остварен напредок во дел од отворените прашања.

Следната рунда преговори е закажана за 19 мај.

Европската комисија и Европската народна партија инсистираат на побрза имплементација на договорот, нагласувајќи дека на компаниите им е потребна поголема сигурност во услови на зголемени трговски тензии.

Во Европскиот парламент, пак, се појавува став дека договорот треба да биде временски ограничен и да истече во март 2028 година, пред крајот на евентуалниот втор мандат на Трамп.

Европратеникот Бернд Ланге порача дека „има уште работа“, но истовремено оцени дека е постигнат значаен напредок во однос на механизмите за заштита и ревизија на договорот.

CATEGORIES
Share This