НОВ ФУДБАЛСКИ ПРОРОК ВО БРАЗИЛ Ајкула ја замени славната Полка

Ритиња веќе го направи првото „предвидување“ за натпреварот Бразил – Мароко.

НОВ ФУДБАЛСКИ ПРОРОК ВО БРАЗИЛ Ајкула ја замени славната Полка
Фото: Принтскрин

Мундијалот во САД, Мексико и Канада стартува за една недела, а со него доаѓа и шаренило од интересни традиции и „фудбалски пророци“, кои станаа популарни уште од Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Во Бразил се појави ново „пророштво“ овојпат не е октопод како легендарниот Пол од Германија, туку ајкула. Во аквариумот во Рио де Жанеиро, малата женка ајкула по име Ритиња доби улога на неформален предвидувач на резултати.

Таа веќе го направи своето прво „предвидување“, избирајќи го Бразил наместо Мароко, што според симболиката значи дека „Селесао“ би требало со победа да го започне турнирот. Во првиот натпревар, тимот предводен од Карло Анчелоти ќе се соочи со Мароко.

„Ја избравме ајкулата затоа што сакаме да ја подигнеме свеста дека овие животни често се неправедно прикажани во негативно светло. Идејата е преку ваков интересен начин да го привлечеме вниманието на јавноста,“ изјави Марсело Шпилман, основач на аквариумот во Рио де Жанеиро.

CATEGORIES
Share This