МУРИЊО СЕ ВРАЌА ВО РЕАЛ Платена отштета од 15 милиони евра
Реал со големи амбиции и нов почеток со проверено име на клупата.

Жозе Мурињо (63) се враќа во Реал Мадрид, 13 години по неговиот прв мандат во клубот. Португалскиот стратег моментално ја води Бенфика, со која има уште една година од договорот, па „кралевите“ ќе мора да платат отштета за неговото ангажирање, согласно клаузулата во договорот.
Според „Рекорд“, Реал го известил португалскиот клуб дека ќе ја исплати откупната клаузула од 15 милиони евра, која треба да биде активирана и префрлена следната недела.
Мурињо минатото лето по вторпат ја презеде Бенфика. Иако сезоната ја заврши без пораз во првенството, тимот не успеа да ја освои титулата и заврши трет зад Порто и Спортинг, што се смета за неуспех.
Тој го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година, освојувајќи Ла Лига и Купот на кралот, но без трофеј во Лигата на шампионите, каде трипати по ред стигна до полуфинале.
Највисоки отштети платени за фудбалски тренери: Јулијан Нагелсман (Лајпциг → Баерн) 25 милиони евра (2021), Греам Потер (Брајтон → Челзи) 24,5 милиони евра (2022), Андре Виљаш-Боаш (Порто → Челзи) 15 милиони евра (2011), Енцо Мареска (Лестер → Челзи) 11,5 милиони евра (2024) и Арне Слот (Феенорд → Ливерпул) 11 милиони евра (2024).
