НОВ ДЕН ЗА ПРЕСМЕТКИ НА МУНДИЈАЛОТ Четири битки, едно прашање, кој ќе преживее?

Второто коло од групната фаза започнува со четири возбудливи дуели, а секој бод може да биде пресуден за пласманот понатаму.

НОВ ДЕН ЗА ПРЕСМЕТКИ НА МУНДИЈАЛОТ Четири битки, едно прашање, кој ќе преживее?
Фото: Принтскрин

Осмиот ден од Светското првенство носи четири нови натпревари во групната фаза, со кои започнува второто коло. Во фокусот ќе бидат пресметките меѓу Чешка и Јужна Африка, како и Швајцарија и Босна и Херцеговина, додека Канада и Катар ќе се борат за важни бодови, а Мексико и Јужна Кореја ќе атакуваат на лидерската позиција во групата.

Чешка – Јужна Африка (18:00 часот)

Чешка и Јужна Африка влегуваат во директна битка за спас по неуспешниот старт на Мундијалот. Двете селекции претрпеа порази во првото коло, па овој дуел може да биде клучен во борбата за продолжување понатаму.

Победникот ќе направи голем чекор кон освојување најмалку на третото место во групата, кое носи пласман во 32-финалето. Натпреварот ќе се одигра во Атланта со почеток од 18 часот.

Швајцарија – Босна и Херцеговина (21:00 часот)

Швајцарија и Босна и Херцеговина ќе се соочат во второто коло од групата Б на стадионот „Софи“ во Лос Анџелес.

Двете репрезентации имаат по еден освоен бод и со победа би направиле значаен исчекор кон нокаут-фазата. Очекувањето е за неизвесен натпревар, бидејќи секој бод во оваа фаза може да биде пресуден.

Канада – Катар (00:00 часот)

Катар сака да продолжи со позитивните изненадувања и по историскиот реми резултат во првиот натпревар. Следен предизвик за азиската селекција е домаќинот Канада, кој исто така има голем мотив за победа.

Канаѓаните во првото коло освоија бод против Босна и Херцеговина, иако беа во негатива уште од раната фаза на мечот. Триумфот за двете селекции би значел продолжување на надежите за место во следната фаза.

Натпреварот ќе се игра во Ванкувер на полноќ.

Мексико – Јужна Кореја (03:00 часот)

Мексико и Јужна Кореја ќе се борат за врвот во групата, а победникот од овој дуел ќе обезбеди сигурен пласман во следната рунда.

Мексиканците оставија силен впечаток со настапот против Јужна Африка, додека Јужна Кореја дојде до победа со голема борбеност против Чешка.

Сепак, Мексико влегува како фаворит поради квалитетот на составот и поддршката од домашните навивачи. Средбата ќе се одигра во Гвадалахара од 3 часот наутро.

АНГЛИЈА, КОЛУМБИЈА И ГАНА СО ПОБЕДИ Португалија запрена од историскиот бод на ДР Конго

CATEGORIES
Share This