Незаконско решение, бура реакции по одлуката на Јаневска за диплома на Меѓународниот Славјански Универзитет
Донесеното Решение потпишано од министерката за образование и наука е спротивно на законот.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија
Понеделник, 1 мај 2026 година
Со доставеното Решение бр.18-2317/3 од 24.04.2026 година од страна на Министерката за образование и наука, проф.д-р Весна Јаневска, каде што со едно решение се поништуваат две дипломи за завршен прв циклус на студии и на диплома за завршен втор циклус на студии, и тоа: Диплома со бр.832/1 од 01.10.2015 година издадена на ден 06.10.2015 година под сериски број 001219 за завршен прв циклус на студии, на име Елена Кузмановска, на студиската програма Општа психологија за завршен прв циклус на студии, и стекнато стручно звање дипломиран психолог со 240 ЕКТС и просечна оценка 9,6, издадена од Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, Битола, Република Македонија и Дипломата со бр.М147 од 25.11.2015 година издадена на ден 24.05.2016 година под сериски број 000207 за завршен втор циклус на студии, на име Елена Кузмановска на студиската програма Клиничка и советодавна психологија со вкупно 300 ЕКТС, просечна оценка 9,71 и стекнат стручен назив Магистар на психолошки науки, издадена од Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, Битола, Република Македонија. Во правната поука стои дека против ова решение може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од денот на приемот, до Управниот суд на Република Северна Македонија.
Зошто донесеното Решение бр.18-2317/3 од 24.04.2026 година на министерката Јаневска е незаконито?
Донесеното Решение потпишано од министерката за образование и наука е спротивно на Законот за општа управна постапка (ЗОУП). Според ЗОУП, секоја управна постапка- одлука мора да биде индивидуално образложена, заснована на конкретни факти и правни основи, со јасна правна поука и целосна аргументација, а во овој случај поништувањето на дипломите за завршен прв и втор циклус на Елена Кузмановска издадена од Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, Битола – Република Македонија се генерализирани без детална индивидуална анализа. Поради тоа сметам дека постои сериозна потреба од независна институционална проверка на целата постапка, бидејќи во спротивно се создава впечаток дека административните одлуки со далекусежни последици се носат без целосно почитување на процедурите и гаранциите утврдени со ЗОУП, што е донесено незаконско како што наведов спротивно на Законот за општа управна постапка.
Хронолошката постапка пред да се донесе Решението бр.18-2317/3 од 24.04.2026 година од страна на министерката Јаневска
Директорот на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Шабан Алајбегу носи наредба бр. 31-244/1 од 17.02.2025 година и задолжение бр.31-243/2 од 17.02.2025 година архивирано во ДПИ-Струга. Инспекцискиот надзор е извршен од страна на Државниот просветен инспектор Виолетка Џутеска (сега раководител во струшки-охридскиот плански регион со седиште во Струга, со благослов на министерката).
Како што се наведува во Записникот за извршен инспекциски надзор бр.31-56 од 21.03.2025 година, предмет на вонреден инспекцискиот надзор била проверка на дипломите и уверенијата за положени испити за прв и втор циклус на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, Битола за лицето Елена Кузмановска (запишана во 2013-2014 година а завршила во 2015 година). Надзорот е извршен врз основа на член 16 од Законот за просветна инспекција (ЗПИ). Како што се наведува во Записникот дека се извршува вонреден инспекциски надзор, а тоа значи согласно член 21 од Законот за просветна инспекција (ЗПИ) односно вонредниот инспекциски надзор се врши врз основа на иницијатива (претставка) од страна на ученици, студенти, родители и слично. Во Записникот државната просветна инспекторка не наведува од кого е иницијативата од кои субјекти, со оглед на фактот што се врши вонреден инспекциски надзор. Во членот член 58 од Законот за инспекциски надзор (ЗИН) Вонреден инспекциски надзор кој се врши по службена должност или врз основа на иницијативи поднесени од физички или правни лица, органи на државната или локалната власт, како и по писмена наредба на министерот, директорот и слично.Како и дали се лигитимирала инспекторката согласно ЗПИ и ЗИН.
Исто така и по член 62 од Законот за инспекциски надзор, иницијатива за вонреден инспекциски надзор треба да содржи: назив на институцијата до која се поднесува, име и презиме и адреса на подносителот односно назив на седиштето на правното лице, законски застапник… во ставот 3 од истиот член стои дека Инспекторатот не постапува по анонимна иницијатива. Наместо инспекторката Џутеска да го изврши вонредниот инспекциски надзор на Меѓународниот Славјански универзитет Свети Николе, што е главното седиште на субјектот, таа го извршува во подружница Битола, со раководителот на таа подружница, кој не е овластен правен субјект и со раководителот на службата за студентски прашања, подружница Битола. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, а констатирано од Записникот инспекторката Виолетка Џутеска, наместо да се состане и одржи вонреден инспекциски надзор со правниот и одговорен субјект надлежен и одговорен за законитоста ректорот кој е раководен орган и го застапува универзитетот, па проректорот за настава на Универзитетот, со деканот и продеканот за настава на студиската програма на Факултетот за Психологија, со субјектот кој е предмет за надзор лицето Елена Кузмановска, од констатираниот Записник истите субјекти не се повикани на разговор и појаснување за целокупната постапка што е и повод за извршување на вонреден инспекциски надзор, што е спротивно на начелата и принципите на ЗИН и ЗПИ (за ова поконкретно во понатамошниот текст).
Што констатира и наведува инспекторката од вонредниот инспекциски надзор?
„…Студентот Елена Кузмановска е запишана во учебната (м.з. академска) 2013/2014 година на Факултетот за психологија на МСУ „Г.Р.Державин“ во Свети Николе – Битола како вонреден студент, во матичната книга на запишани студенти запишана со завршено средно стручно училиште-фармацевт, по објавен конкурс за запишување на студенти за прва година додипломски студии за академската 2013/2014 година. Паралелно студентот Елена Кузмановска се запишала и на втор циклус на студии на насоката Клиничка и советодавна психологија по објавен оглас за запишување на студенти на втор циклус на студии со завршени тригодишни додипломски стручни студии со вкупно 180 ЕКТС, стручен назив специјалист акушерка со просечна оценка 6,97 бр.на уверение 08-4/2886 од 29.06.2012 година и диплома бр,2886 од 25.04.2013 година издадена од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола од Високата медицинска школа заведена во матична книга на запишани студенти на втор циклус на студии со овој степен на завршено образование. Инспекторката Џутеска констатира дека: Од увидот во студентското картон бр.1132041 на студентот Елена Кузмановска и спецификацијата на положени испити за студентот за прв циклус на студии бр.11-04/31 од 18.03.2025 година изработена од службата на студентски прашања, констатирана е следната состојба:
1.Студентката е запишана директно во III година како вонреден студент, односно во 5 (петти) семестар во академската 2013/2024 година. Студентот има поднесено барање веднаш по запишувањето за признавање на испити положени на Високата медицинска школа на 13.09.2013 година, но истото е архивирано под бр.144 од 03.07.2014 година. Со решение бр.03-323/2 архивирано на 03.07.2017 година?, а кое било донесено од страна на Деканот на факултетот за Психологија на 03.07.2014 година во кое е цитирано барањето на студентот бр.144 од 03.07.2014 година, на студентот му се признаваат 7 испити и тоа: Психологија на здравје со оценка 8 кој согласно на студиската програма носи 7 ЕКТС, Психологија и етика на деловна комуникација со оценка 7 кој согласно на студиската програма носи 7 ЕКТС, Психологија на комуникација со со оценка 7 согласно на студиската програма носи 7 ЕКТС, Англиски јазик со оценка 7 согласно на студсиката програма носи 4 ЕКТС, Физиологија со оценка 6 согласно на студсиката програма носи 7 ЕКТС и Етика и естетика со оценка 6 согласно на студсиката програма носи 4 ЕКТС. Вкупно признаените испити носат 41 ЕКТС.
Во образложението на признавање под точка 2 стои дека лицето има положено доволен број на предмети кои се со ист т.е.приближен број и еднаквост на наставни единици во предметната програма кои претставуваат услов да истото лице биде запишано во повисока година на Факултетот за Психологија на насоката Општа Психологија, без притоа да бидат земени во предвид ЕКТС кредитите кои овие испити ги носат (констатција на инспекторката???)… Наведува инспекторката од инспекцискиот надзор дека во студентскиот картон недостига Изјаснување од професори кој требало да биде составен дел на решението за признавање на испити. И понатака наведува дека студентот Елена Кузмановска дури во една сесија Ноемвриска испитна сесија положила 14 испити од кои 5 испити полагала на 13.11. 2013 година, 3 испити полагала на 14.11.2013 година, 1 испит на 11.11.2013 година или вкупно во една испитна сесија положила испити кои носат 81 ЕКТС согласно студиската програма. Во декемвриската испитна сесија полагала вкупно 6 испити кои ги полагала 3 испити на 23.12.2013 година, 2 испита на 4.12.2013 година и 1 испит на 12.12.2013 година, или положила испити кои вкупно носат 40 ЕКТС согласно со студиската програма. Лицето како што стои во спецификацијата на досието за положени испити и во ноемвриската и во декемвриската испитна сесија полагала испити од 5 (пети) семестар, диференцијални испити и преполагала испити кои и биле признати со решение кое е донесено на 03.07.2014 година архивирано на 03.07.2017 (техничка грешка) година, а истите се полагани во 2013 година, констатира инспекторката.
Дали е ова смислена грешка или техничка грешка на инспекторката? Зошто инспекторката при инспекцискиот надзор субјектот кој е предмет на вонредниот инспекциски надзор Елена Кузмановска не е повикана и соочена…? Треба да се провери и преиспита!? Дали се преполагале испити или моја забелешка е всушност решение за признавање на испити. Покрај вакви нејаснотии кои ги третира инспекторката, а да се согледа правата состојба. Инспекторката при инспекцискиот надзор не нашла за сходно да седне и да се соочи со правното и одговорното лице на Универзитетот (ректор,проректор, декан и продекан на Факултетот по психологија и да се согледа фактичката состојба, како и административните грешки од увидот). Поради законските пропусти кои ги прави инспекторката Џутеска со непочитување на начелата на Законот за просветна инспекција (ЗПИ) и Законот за инспекциски надзор (ЗИН) Записникот е конфузен, несодржан, селективен, паушален и непрофесионален има доста законски пропусти.
Државниот просветен инспектор Виолетка Џутеска по завршениот вонреден инспекциски надзор го доставува Записникот бр.31-56 од 21.03.2025 година, до овластеното лице на подружница Битола при МСУ – Свети Николе, Согласно член 82 став 3 од Законот за инспекциски надзор (Сл.весник на РСМ 102/2019) да се потпише записникот и да се врати во рок од 8 дена до Државниот просветен инспекторат. Во благовремен рок овластеното лице на подружница Битола при МСУ – Свети Николе се произнесува со Приговор бр.03-1031/1 од 10.04.2025 година на Записникот бр.31-56 од 21.03.2025 година за извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспектор Виолетка Џутеска.
Основ на приговорот: Во записникот се наведени 6 (шест) неправилности кои се погрешно интерпретирани.
Образложение:
- Во точка бр.1 од наведените неправилности спорно е дека студентката Елена Кузмановска е запишана директно во трета година на прв циклус на студии на Факултетот за психологија, но фактичката состојба е следна:
Студентката Елена Кузмановска не можела да биде запишана во повисока година доколку не доставила уредно Уверение за положени предмети од претходната високообразовна установа. Со оглед на тоа што студентката склучила Договор за студирање со МСУ, согласно пропишаните рокови (98/13 од 13.09.2013), Уверението од ВМШ при УКЛО – Специјалистички акушер со 180 ЕКТС го доставила пред запишувањето, добила информација од Службите дека и’се признаваат вкупно 7 предмети согласно Мислење на Декан. Благодарение на остварените 180 ЕКТС и 7 (седум) признаени предмети таа остварила право да се запише директно во трета година на четиригодишниот Факултет за психологија со што студентката ги прифатила условите и склучила договор. Како доказ за тоа е и бројот на Индекс кој го добила студентката, 1132041 со кој е внесена во Матичната книга на запишани студенти на прв циклус на студии. Имено првите броеви т.е. 11 говори за генерацијата што прв пат се запишала на Универзитетот т.е. 2011 година и за студиската програма која била за таа година. Факт е дека е направен пропуст во административните служби со изработувањето и заверката на решение за признавање на испити за конкретен случај, со тоа што Барањето за признавање на предмети е архивирано заедно со Решението на иста дата, што било грешка. Веројатно е направен превид од Ваша страна, не се работи за 03.07. 2017 година, туку 03.07.2014 година.
- Во точка бр.2 и точка бр.4 од наведените неправилности спорно е дека студентката Елена Кузмановска полагала предвремено испити, но фактичката состојба е следна:
Студентката Елена Кузмановска не полагала предвремено ниту еден испит. Бидејќи е направен целосен увид во сите пријави, факт е дека во првите сесии полагала повеќе предмети, дел диференцијални од предходните семестри, но од друга страна во тој период Универзитетот немал поставено лимит колку предмети максимално можат да бидат полагани во една испитна сесија и во еден испитен ден. Од 2018 година има нов Правилник кој со поголеми ограничувања во поглед на предмети кои можат да се полагаат во една сесија и во еден ден. Ако се спорни предметите кои ги полагала кај проф.д-р Диана Белевска, во тоа време Декан на Факултетот за психологија, предметите од петтиот семестар кои ги полагала на 23.12.2013 година, тоа било овозможено за сите студенти на Факултетот за психологија кои биле активни во тој период кај наведената професорка. Не се работи воопшто за предвремено полагање или исклучок за конкретен студент.
- Во точка бр.3 од наведените неправилности спорно е дека студентката Елена Кузмановска преполагала веќе положени предмети од ВМШ, но фактички состојбата е следна:
Студентката на МСУ преполагала дел од веќе положените предмети од ВМШ, каде што тамошни професори ја оценувале што е апсолутно точно. Не е поднесено барање за поништување на оценка и преполагање туку тоа било регулирано во согласност со професорите и одобрено од нивна страна. Во Уверението била впишана повисоката оценка. Поради направена административно-техничка грешка, погрешно заверено Барање за признавање на предмети од страна на студент и задоцнето архивирано Решение за признаени предмети од страна на Декан на Факултетот за психологија, доаѓа до оправдана забуна, но факт е дека студентката точно знаела кои предмети и’ се признаени уште пред да се склучи договор за студирање на МСУ.
- Во точката бр.5 од наведените неправилности спорно е времетраењето на првиот циклус на студии, но фактичката состојба е следна:
Апсолутно е точно тоа што го констатирате дека времетраењето на студиската програма на Факултетот за психологија е четири години и доколку се полага предвремено може тој рок да биде пократок, согласно цитираниот член 99а од Статутот на МСУ,но, во конкретниот случај кај студентката Елена Кузмановска не станува збор за студент кој се запишал во прва година, туку директно се запишала во трета година т.е. директно во 5 (петти) семестар. Токму поради тоа не доаѓа во колизија на времетраењето на првиот циклус на студии, а нема ништо спорно што паралелно полагала во истиот период и на втор циклус на студии. Одбраната на дипломската работа и како тема и како процедура била во согласност со постоечките Правилници на МСУ. Исто така, постапката за одбрана на магистерскиот труд, како и содржината на самиот труд биле во согласност со критериумите на универзитетот.
- Во точка бр.6 однаведените неправилности спорен е уписот на втор циклус на студии, но фактичката состојба е следна:
- Студентката Елена Кузмановска дипломирала на 29.06.2012 година и’ е издадено Уверение бр 08-4/2886 од истиот датум од ВМШ при УКЛО-Битола со што се стекнала со 180 ЕКТС и звање Специјалист акушерка. Со стекнатите кредити, согласно Законот за високо образование имала право да се запише на втор циклус на студии на Факултетот за психологија на МСУ само на двегодишни студии (120ЕКТС), а не и на едногодишни студии (60 Ектс). Бидејќи избрала да студира Клиничка психологија, двегодишни студии т.е. 4 семестри, сметам дека нема спорен момент.
Со доставениот приговор од страна на МСУ-подружница Битола, да се ревидира Записникот и да се корегираат недостатоците. Државниот просветен инспектор Виолетка Џутеска во дополнителниот Записник за извршен инспекциски надзор број 31-56 од 14.04.2015 година. По добиениот приговор, каде што дополнителниот записник е изготвен во просториите на ДПИ-Струга. По добиениот Приговор на записникот за извршен вонреден инспекциски надзорбр.31-56 од 21.03.2025 година од страна на МСУ бр.03-103/1 од 10.04.2025 година, архивиран во ДПИ Струга под бр.31-36/4 од 11.04.2025 година под точка 1 дека е направена техничка грешка при цитирање на датумот на архивскиот број од Решение за презапишување на студент од друг факултет донесено на 03.07.2014 година од страна на деканот на факултетот и дополнително доставина скенирана страна од архивската книга од 2014 година се врши исправка:
- На страна 3 под точка 1 наместо „Со решение бр.03-323/2 архивиранона 03.07.2017 година се исправува датумот на архивскиот број и стои „Со решение бр.03-323/2 архивирано на 03.07.2014 година“
- На страна 4 се исправува датум и наместо „Лицето како што стои во спецификацијата и досието за положени испити и во ноемвриска и во декемвриската испитна сесија полага испити од 5 (петти) семестар, диферциренцијални испити и преполагала испити кои и биле признати со решение кое е донесено на 03.07.2014 година архивирано на 03.07.2017 година… стои „Лицето како што стои во спецификацијата на досието за положени испити и во ноемвриска и во декемвриска испитна сесија полагало испити од 5 (петти) семестар диференцијални испити и преполагала испити кои и биле признати со решение кое е донесено на 03.07.2014 година архивирано на 03.07.2014 година…“
- На страната 5 од записникот наместо „..како што стои ворешението бр.03-323/2 од 03.07.2017 година а донесено на 03.07.2014 година…“ се исправува датумот и архивскиот број и стои „како што стои во решението бр. 03-323/2 од 03.07.2014 година…“
- На страната 8 од записникот се корегира датумот на рхивскиот бројпод точка „…Студентот бил запишан во 5 (петти) семестар со решение за презапишување на студентот од друг факултет донесено од деканот на 03.07.2014 година архивирано на 03.07.2017 година… „се исправува датумот на архивскиот број и стои „Студентот бил запишан во 5 (петти) семестар со решение за презапишување на студент од друг факултет донесено од деканот на 03.07.2014 година архивирано на 03.07.2014 година…“
Наместо инспекторката Виолетка Џутеска да го ревидира Записникот и да се корегираат недостатоците, таа само констатирала дека направила „техничка“ грешка, но не е земен во предвид Приговорот од страна на МСУ-Свети Николе-Битола во целост со сите објаснувања, туку е извршена само корекција на годината од решението за признавање на испити (2017 со 2014).
Зошто инспекторката Виолетка Џутеска при извршениот вонреден инспекциски надзор и констатациите од Записникот бр.31-56 од 21.03.2025 година ги прекршила основните начела од Законот за инспекциски надзор (ЗИН) при инспекцискиот надзор и тоа:
- По член 5 од ЗИН – Начелото на законитост, инспекторот е должен да постапува согласно Уставот на РМ, законски и други предвидени прописи,
- По член 7 од ЗИН – Начелото на еднаквост, непристрасност и објективност кон субјектите на инспекцискиот надзор, (инспекторката не се соочила со надлежните субјекти на инспекцискиот надзор)
- По член 8 од ЗИН – Начелото на одговорност. Инспекторот е лично одговорен за стручно и совесно извршување на инспекцискиот надзор и за штетата предизвикана со незаконското дејствие или незаконското одбивање да преземе соодветно дејствие, (зошто ако има незаконитост не поднела правен акт Решение за отстранување на неправилностите!?)
- По член 9 од ЗИН- Начелото на материјална вистина. Инспекторот, по службена должност ги утврдува сите факти и околноста што се од значење за правилно утврдување на фактичката состојба и изведува докази во постапката на инспекцискиот надзор, (Инспекторката ја злоупотребила службената положба според ЗИН и ЗПИ)
- По член 10 од ЗИН – Начелото на сослушувањење на субјектите на инспекцискиот надзор.
Пред преземањето на инспекциските мерки за отстранување на неправилностите и недостатоците утврдени кај субјектот на инспекцискиот надзор инспекторот е должен на субјектите на инспекцискиот надзор да му даде можност да се изјасни за фактите и околностите кои се утврдуваат при инспекцискиот надзор. (Тоа не е направено од страна на инспекторката Џутеска, и извршила злоупотреба на професионалната работа. Во правна држава би сносела одговорност-дисциплинска постапка, одземање на лиценцата и губење работен однос…)
- По член 11 од ЗИН – Начелото на самостојност. Инспекторот во рамките на своите овластувања и надлежности утврдени со овој или друг закон, е самостоен и независен во вршењетона инспекцискиот надзор и во изрекување на инспекциски мерки. (Во конкрентниот случај има сомнеж за други влијанија од страна на МОН и ДПИ)
- По член 14 од ЗИН – Начело на превенција. При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот вршипревентивна функција и изрекува инспекциски мерки, кога со превентивна функција не може да се обезбеди целта на инспекцискиот надзор, (Инспекторката Џуклеска, била должна ако констатирала неправилности на инспекцискиот надзор да донесе правен акт решение, а такво нешто во конкретниот случај нема. Што е нејзин смислен правен пропуст)
- По член 15 од ЗИН – Начело на супидијарност.Во инспекциската постапка се применуваат одредбите од Законот за општа управна постапка. (Во конкретниот случај со постапката се прекршени одредбите од ЗОУП, за ова посебно ќе се образложи пред управните судови и пред ОЈО, за покревање на кривични постапки кон министерката Јаневска, директорот на ДПИ, Шабан Алајбегу и кон таканаречените формирани комисии од страна на министерката Јаневска).
Министерката Јаневска формира комисии за надзор над издавање на дипломи за предметот на Елена Кузмановска
Ова е првата „експертска“ комисија
Врз основа на член 205 од Законот за високо образование, министерката за образование Јаневска, формира комисија со Решение бр.14-6088/1 од 22.април 2025 година за вршење надзор над издавањето на дипломи за предметот на Елена Кузмановска во состав: Исмаил Алиу, МОН, претседател, Ирена Смиљанска, МОН, член, Билјана Јуруковска,МОН,член, Сенад Сулејмани (од доверба на министерката кадар на ДУИ), МОН, член ДПИ и Зоран Димитриевиќ, МОН, член ДПИ.
Прашувам што констатирала оваа комисија, бидејќи нема никаков извештај од оваа комисија. Треба ОЈО и другите истражни институции да го испитаат извештајот. Или министерката е незадоволна од оваа прва комисија, па формира втора комисија со Решение бр.18-2317/1 од 06.02.2026 година, за надзор над издавањето на дипломи и уверенија за положени испити од прв и втор циклус на МСУ-Свети Николе за предметот на Елена Кузмановска во состав: Ахмед Ќазими, МОН, претседател (од доверба на министерката кадар на ДУИ-раководител во секторот за високо образование), Борчо Алексов, МОН, член, Сенад Сулејмани, ДПИ,член (од доверба на министерката кадар на ДУИ), и Виолета Џутеска, ДПИ, член, (назначена за раководител од страна на министерката со седиште во Струга).
Што констатирала втората комисија. Кој ќе каже. Ова мора да се истражи. Да знае македонската јавност. Нешто повеќе за ова во некоја наредна колумна и за личностите во комисиите.
Филозофите ова би го нарекле логика-без логика, или народски кажано „нишај врата земај плата“. Срам на институцијата МОН и ДПИ. Спремен сум да ги дадам исказите пред надлежните институции за откривање на образовниот криминал, кои имаат име и презиме на одговорни лица.
На потег е премиерот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски!
