ЗЕЛЕНСКИ ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ Подготвен сум да седнам лице в лице со Путин

Во интервју за американски медиум, Зеленски истакна дека Украина е подготвена за дијалог и дека најсилен преговарачки формат би бил со учество на САД и Европа.

ЗЕЛЕНСКИ ГО ИЗНЕНАДИ СВЕТОТ Подготвен сум да седнам лице в лице со Путин
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин доколку постои подготвеност и од руската страна, нагласувајќи дека за напредок во мировниот процес се потребни дополнителни санкции и поголем меѓународен притисок врз Москва.

Тој посочи дека во моментов постојат неколку правци на дипломатски контакти, а покрај досегашните иницијативи, Украина останува отворена и за директни билатерални разговори со Русија.

„Подготвен сум да се сретнам со Путин ако е подготвен. Верувам дека се потребни дополнителни санкции и поголем притисок. Тоа би можело да ја поттикне Русија на вистински дијалог“, изјави Зеленски.

Во интервју за американската телевизија CBS News, украинскиот лидер изрази надеж дека американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе ја посетат Украина во наредните две недели.

Според него, посетата би им овозможила подобро да ја разберат ситуацијата на терен и секојдневието на украинските граѓани, пред евентуални нови средби со руските власти.

Зеленски истакна дека најдобриот модел за мировни преговори би бил формат во кој, покрај Украина и Русија, би учествувале и САД и европските партнери, оценувајќи дека тоа би претставувало „најмоќна платформа“ за постигнување напредок кон прекин на војната.

CATEGORIES
Share This