НЕВЕРОЈАТЕН СУДБИНСКИ ДУЕЛ – Двајца поранешни соиграчи сега се борат за титулата во ЛШ

Историски финале во Лигата на шампионите со редок тренерски дуел.

НЕВЕРОЈАТЕН СУДБИНСКИ ДУЕЛ – Двајца поранешни соиграчи сега се борат за титулата во ЛШ
Фото: Принтскрин

Во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат ПСЖ и Арсенал, а дуелот носи и неколку историски и интересни моменти.

Ова ќе биде првпат во финале на елитното европско натпреварување да се сретнат два тренери од иста земја, како и првпат двајца сонародници да водат екипи во финале без нивна домашна екипа во битката за трофејот.

Посебна приказна е и судирот меѓу Луис Енрике и Микел Артета. Тие двајца биле соиграчи пред речиси три децении во Барселона, кога Артета настапувал за Б тимот, додека Енрике веќе бил дел од првиот состав. Разликата меѓу нив е 12 години.

„Имам голема наклонетост кон него бидејќи бевме соиграчи кога беше многу млад во Барселона. Микел изгради одличен тим, можете да видите каков менаџер е“, изјави Луис Енрике.

За Енрике ова ќе биде трето финале во ЛШ како тренер, со веќе две освоени титули. За Артета ова е прво финале во најелитното европско натпреварување.

За ПСЖ ова е второ последователно финале во Лигата на шампионите, потврда на нивната конзистентност на највисоко ниво.

Во 21-от век, само неколку клубови успеале да стигнат до две последователни финалиња во ЛШ, Реал Мадрид (единствениот кој ја одбранил титулата), Ливерпул, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.

И Артета се присети на времето со Енрике во Барселона:

„Луис Енрике многу ни помагаше на нас младите. Имам добри сеќавања од соработката со него. Многу научив од него. Го почитував и како играч и сега како тренер. Се гледа како игра неговиот тим и колку сакаат да доминираат“, рече Артета.

Артета во групната фаза во октомври веќе се сретна со својот поранешен ментор и тогаш славеше победа од 2-0.

Сепак, сега сценариото е поинакво и станува збор за финале, ПСЖ е значително подобрен во меѓувреме и според квотите важи за благ фаворит пред големата пресметка.

CATEGORIES
Share This