НЕТАНЈАХУ УДРИ ПО БРИТАНИЈА „Исламската Република Британија“ ќе има нуклеарно оружје
Израелскиот премиер ја спореди Британија од времето на Черчил со денешната земја и порача дека Европа се движи во иста насока.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го критикуваше денешниот однос на Велика Британија кон Израел, споредувајќи го со британскиот став од минатото. Тој особено го издвои известувањето на новинарот Рандолф Черчил, син на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, за Шестдневната војна во 1967 година, кое го оцени како позитивно кон Израел.
„Обидете се да најдете такво нешто во денешна Британија, која би можеле да ја наречете ‘Исламска Република Британија’“, рече Нетанјаху во интервју за израелски подкаст.
На прашањето дали смета дека и Европа во целина се движи во иста насока, израелскиот премиер одговори потврдно.
Нетанјаху потоа се осврна на изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс од 2024 година, кога тој, по победата на британските лабуристи, се пошегува дека Велика Британија би можела да стане првата „вистински исламистичка земја“ со нуклеарно оружје.
„Првата нуклеарна исламска република ќе биде Исламската Република Британија“, рече Нетанјаху, додавајќи дека Израел се обидува да спречи Иран да стане уште една таква држава.

