НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Од полноќ дизел надолу, бензин нагоре

РКЕ ги објави новите максимални малопродажни цени што важат од полноќ.

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Од полноќ дизел надолу, бензин нагоре
Фото: Национал

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата, со која од полноќ стапуваат во сила коригирани износи.

Според одлуката, дизел горивото поевтинува за 2,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Во просек, цените на нафтените деривати бележат минимален раст од 0,40 проценти.

Покрај тоа, екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар, додека мазутот бележи благо зголемување на цената.

Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат за Еуросупер БС-95: 82,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 84,50 денари/литар, Еуродизел 91,50 денари/литар, Екстра лесно масло 96,00 денари/литар и Мазут 46,656 денари/килограм

Од РКЕ посочуваат дека корекциите се резултат на движењата на светските берзи. Податоците покажуваат раст на референтните цени кај бензините од 4,268 проценти, додека кај дизелот има пад од 3,760 проценти. Намалување е забележано и кај екстра лесното масло за 1,528 проценти, а мазутот е во пораст од 1,117 проценти.

Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот долар е благо ослабен за 0,0452 проценти во споредба со претходниот период.

Од Комисијата нагласуваат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците имаат можност да нудат и пониски износи на пазарот.

CATEGORIES
Share This