ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Иран сака контрола врз Ормут, Рубио вели НЕ

Американскиот државен секретар остро ја отфрли иранската идеја за контрола на пловидбата.

ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Иран сака контрола врз Ормут, Рубио вели НЕ
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец под строги услови е неприфатлива за САД и за меѓународната заедница.

Рубио нагласи дека Техеран има поинаква визија за функционирањето на овој клучен воден пат од остатокот од светот. Според него, иранскиот предлог подразбира теснецот да биде „отворен“, но само доколку пловидбата е координирана со Иран и одобрена од нивните власти.

„Тоа не е вистинско отворање. Не може една држава да одлучува кој ќе поминува низ меѓународни води“ – изјави Рубио,

Тој додава дека таков модел е неприфатлив и не може да се толерира.

Во меѓувреме, Иран преку посредници доставил нов предлог до САД, во кој фокусот е ставен на решавање на кризата околу Ормутскиот теснец и евентуално продолжување или воспоставување траен прекин на огнот. Нуклеарните преговори, според истиот предлог, би биле одложени за подоцнежна фаза.

CATEGORIES
Share This