СЕ МЕНУВААТ ПАРИТЕ ШТО ГИ КОРИСТИМЕ СЕКОЈ ДЕН – Еве како ќе изгледа новото евро

Се задржуваат апоените од 5 до 200 евра, 500-ка останува надвор од оптек.

СЕ МЕНУВААТ ПАРИТЕ ШТО ГИ КОРИСТИМЕ СЕКОЈ ДЕН – Еве како ќе изгледа новото евро
Фото: Принтскрин

Се наближува важен момент во процесот на дизајнирање на новата серија евро банкноти. Рокот за учество на меѓународниот конкурс истекува кон крајот на април, со што започнува клучна фаза која во наредните години ќе донесе видливи промени во секојдневието на граѓаните низ Европа.

Целта на промената е да се освежи изгледот на банкнотите, по повеќе од две децении од нивното воведување, но истовремено да се задржат високите стандарди за безбедност, пристапност и одржливост од еколошки аспект.

Еврото започна да се користи на 1 јануари 2002 година, а првата значајна модернизација беше серијата „Европа“, која се воведува постепено од 2013 година и донесе подобрени материјали и посилна заштита од фалсификување. Новиот проект претставува следен чекор во таа еволуција.

Уште во 2021 година беше најавено дека банкнотите ќе добијат современ дизајн кој подобро ќе го прикажува европскиот идентитет. Намерата не е само визуелно обновување, туку и претставување на заедничките вредности и културната разновидност на Европа.

Новата серија ќе ги задржи сите шест апоени од 5 до 200 евра, додека банкнотата од 500 евра нема да биде вратена во оптек, поради безбедносни причини и ограничена употреба. Во дизајнерскиот процес се разгледуваат две главни теми: европската култура и мотиви поврзани со реки и птици.

По завршувањето на конкурсот, стручно жири ќе избере до десет најдобри решенија, кои потоа ќе бидат разгледани од Управниот совет на Европската централна банка. Во текот на 2026 година се очекува и вклучување на јавноста преку консултации.

Конечната одлука за изгледот на новите банкноти се очекува до крајот на годината. По тоа ќе следува период на подготовка и производство, а нивното пуштање во оптек ќе се случи во наредните години. Новата серија ќе претставува следна фаза во развојот на еврото како заедничка европска валута.

CATEGORIES
Share This