ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Невреме се заканува попладне

По сончевото и екстремно топло претпладне, во повеќе делови од земјата попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и краткотрајна временска нестабилност.

ПЕКОЛНИ 39 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Невреме се заканува попладне
Фото: Принтскрин

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денес (18 јули), а дневната температура ќе се движи од 15 до 39 степени. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

CATEGORIES
Share This