Времето денеска (20.04) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 3 до 23 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.