ПАТУВАТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Еве каде треба најмногу да внимавате
Сообраќајот се одвива по суви коловози, без поголеми застои на граничните премини.

Денеска, на 20.04.2026 година ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп и истата ќе трае до завршувањето на санацијата. Сообраќајната согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.
