МИЦКОСКИ ДО СОФИЈА – Доста се стари спорови, време е за Европа

Шокантна бројка и само 250 излегле на гласање, каде исчезнаа 200.000 македонски Бугари.

МИЦКОСКИ ДО СОФИЈА – Доста се стари спорови, време е за Европа
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски изрази благо разочарување од нискиот одзив на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари на денешните парламентарни избори во Бугарија. Според него, бројката на излезени гласачи е значително пониска од очекуваната, особено во контекст на тврдењата дека оваа заедница брои над 200 илјади лица.

Изјавата ја даде на прес-конференција во Владата, посветена на мерките за справување со високите цени на горивата. Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од изборите, Мицкоски посочи дека се надева на избор на проевропски ориентиран премиер, кој ќе ги негува добрососедските односи и ќе се фокусира на европските вредности.

Во таа насока, тој нагласи дека идната влада во Бугарија треба да се води од принципите поставени од европските визионери како Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Алчиде де Гаспери, наместо да отвора билатерални прашања со историски карактер.

Мицкоски додаде дека очекува Румен Радев и идната политичка гарнитура во Бугарија да покажат посветеност кон европските стандарди, особено кон исполнувањето на Копенхашките критериуми, наместо да се навраќаат на теми од минатото кои, како што рече, „треба да дадат одговори на прашања од Средниот век“.

CATEGORIES
Share This