НАТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА ПО ПРИМЕРОТ НА УКРАИНА – Подготвени сме
Беспилотните летала ќе имаат клучна улога во идните конфликти, а командантите на Алијансата се подготвуваат за сценарио слично на војната во Украина.

Фото: Принтскрин
Командантите на НАТО се подготвуваат за можен вооружен конфликт во кој беспилотните летала би имале клучна улога, слично како во војната во Украина.
„Бизнис инсајдер“ објави дека врховниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал на воздухопловните сили Алексус Гринкевич, ја истакнал подготвеноста на Алијансата за предизвиците што ги носи современото војување.
Осврнувајќи се на можноста НАТО да се соочи со конфликт сличен на оној во Украина, Гринкевич порача дека Алијансата е подготвена за таков вид војување.
„Мислам дека одговорот е: ние сме подготвени за тоа“, изјавил тој.
CATEGORIES Свет


