НАРОДНАТА БАНКА ПРЕСЕЧЕ Еве што ќе се случува со каматите

Основната каматна стапка останува на 4,25 проценти, додека инфлацијата во јуни се намали на 3,4 проценти. Централната банка предупредува на неизвесностите од геополитичките случувања и движењата на цените на енергенсите.

НАРОДНАТА БАНКА ПРЕСЕЧЕ Еве што ќе се случува со каматите
Фото: Национал

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на ниво од 4,25 проценти. Одлуката е донесена на редовната седница на Извршниот одбор, одржана на 28 јули, по зголемувањето на каматната стапка во јуни.

Од централната банка информираат дека одлуката е донесена врз основа на најновите економски показатели, како и проценката на ризиците во домашното и меѓународното окружување. Девизниот пазар останува стабилен, додека девизните резерви се на соодветно ниво и обезбедуваат одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Во меѓувреме, годишната инфлација во јуни се намали на 3,4 проценти, што е под очекувањата. Сепак, Народната банка оценува дека е потребен подолг период за да се потврди одржливоста на овој тренд. Неизвесноста и натаму е висока поради геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина, како и можните последици врз цените на енергенсите и глобалните синџири на снабдување.

Домашната економија, според Народната банка, продолжува да покажува отпорност. БДП во првиот квартал од годинава пораснал за 3,1 процент, а достапните економски показатели укажуваат на можност за дополнително забрзување на активноста во вториот квартал. Народната банка најавува дека и во наредниот период внимателно ќе ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство. Доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти со цел да се зачуваат ценовната и финансиската стабилност.

CATEGORIES
Share This