НАРОДНАТА БАНКА ОТВОРИ КОНКУРС ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ Награда од 130.000 денари за најдобриот труд

Конкурсот е наменет за државјани на Република Македонија до 35 години, а трудовите треба да содржат осврт кон македонската економија. Рокот за пријавување е 1 февруари 2027 година.

НАРОДНАТА БАНКА ОТВОРИ КОНКУРС ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ Награда од 130.000 денари за најдобриот труд
Фото: Принтскрин

Народната банка информира дека е во тек Конкурсот за доделување на Годишната награда за најдобар истражувачки труд од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи.

Годишната награда има цел да ја поттикне и унапреди научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и да придонесе кон афирмација на младите и стручни кадри од областа на економијата и банкарството.

Право на учество на Конкурсот имаат државјани на Република Македонија на возраст до 35 години, кои ќе достават истражувачки труд со осврт кон македонската економија.

Трудовите може да бидат подготвени на македонски, албански или англиски јазик. Согласно условите на Конкурсот, може да се достави и труд кој претходно е објавен, доколку е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најдобрите истражувачки трудови се предвидени парични награди. За прворангираниот труд е предвидена награда во износ од 130.000 денари, додека второрангираниот труд ќе биде награден со 65.000 денари.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Подетални информации за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување, како и за целокупната постапка за доделување на наградата, се достапни во официјалниот Конкурс за доделување на Годишната награда на Народната банка за 2027 година.

CATEGORIES
Share This