НА 76 ГОДИНИ ПОДГОТВЕНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Неда Украден испрати јасна порака

егендарната пејачка откри што би ја убедило повторно да се впушти во евровизиската трка.

НА 76 ГОДИНИ ПОДГОТВЕНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Неда Украден испрати јасна порака
Фото: Принтскрин

Пејачката Неда Украден и во осмата деценија од животот не престанува да ја изненадува јавноста со својата енергија и активност. Иако во август ќе наполни 76 години, таа покажува дека и понатаму е подготвена за големи музички предизвици, вклучувајќи и настап на Евровизија.

Позната по љубовта кон музичките натпревари, Неда откри дека би сакала повторно да се обиде да ја претставува Србија на најголемата европска музичка сцена. Сепак, нагласи дека нејзината евентуална кандидатура зависи од еден клучен фактор, квалитетна песна.

Според неа, успехот на Евровизија и конечниот пласман не се пресудни. Многу поважно е песната да има трајна вредност и да продолжи да живее меѓу публиката и по завршувањето на натпреварот.

„Ако е добра песна, не ми е важен пласманот. Важно е да можеш да работиш со таа песна и по натпреварот, а не да ја испееш еднаш и никогаш повеќе“, изјави Украден.

Со тоа всушност објаснувајќи што би ја мотивирало повторно да се впушти во евровизиска авантура.

CATEGORIES
Share This