УЖАСНО ДЕНОНОЌИЕ Семејно насилство во Тетово, Скопје, Штип и Битола

Седум пријави за 24 часа – полицијата со полни раце работа низ цела држава.

УЖАСНО ДЕНОНОЌИЕ Семејно насилство во Тетово, Скопје, Штип и Битола
Фото: Принтскрин

Во текот на изминатите 24 часа, полициските служби постапувале по седум пријави за семејно насилство. Четири лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор.

На 31.05.2026 година околу 08:20 часот во Тетово, на улица „Штипска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с. Добридол, гостиварско, кој престојувал во Тетово, по сомнение дека извршил семејно насилство врз својата 44-годишна сопруга.

На 30.05.2026 година во 23:15 часот во скопската општина Гази Баба, СВР Скопје го привела Н.Т. (46) од Скопје, по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и упатувал закани кон членовите на семејството.

Истата вечер, во 22:45 часот во Шуто Оризари, М.Б. (40) од Скопје бил лишен од слобода по пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка (41) и нивната ќерка, при што оштетил и дел од покуќнината.

На 31.05.2026 година во 10:20 часот во Полициската станица Драчево е извршен службен разговор со С.Ј. (63) од Скопје, по пријава дека физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на своето работно место, додека била во возило со вонбрачен партнер, тој ѝ истурил хемиска течност во пределот на лицето и очите. Повредената добила лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Истиот ден, 33-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг (34) ѝ упатувал закани.

На 30.05.2026 година околу 13:00 часот во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, при што ѝ нанела повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

CATEGORIES
Share This