ДРАМА ВО КУПОТ – Сосиедад го сруши фаворитот и ја крена титулата во Севиља

Голманот Унаи Мореро херој со две клучни одбрани во пенал-серијата.

ДРАМА ВО КУПОТ – Сосиедад го сруши фаворитот и ја крена титулата во Севиља
Фото: Принтскрин

Атлетико Мадрид доживеа уште еден тежок удар во својата историја, губејќи го финалето на Купот на Шпанија во Севиља по пенал-драма од Реал Сосиедад со 4-3 (2-2 по 120 минути).

Натпреварот започна шокантно за „јорганџиите“ и уште во првите 15 секунди Баренечеа донесе водство за Сосиедад по асистенција на Гуедеш, најавувајќи жестока борба. Атлетико брзо се врати преку Лукман, но баскискиот тим повторно поведе пред крајот на првото полувреме со голот на Ојаразабал.

Кога изгледаше дека трофејот заминува за Сан Себастијан, Хулијан Алварез со спектакуларен погодок во 83. минута го спаси Атлетико и го однесе мечот во продолженија. Таму немаше нови голови, па победникот беше решен од пенал-рулет.

Во пенал-серијата, херој на Сосиедад беше голманот Унаи Мореро, кој одбрани два клучни удари, меѓу кои и на Серлот и Алварез. Атлетико накратко доби надеж по промашувањето на Оскарсон, но тоа не беше доволно.

За Реал Сосиедад ова е четврта титула во Копа дел Реј и прва по 2020 година, додека Атлетико ја запишува својата 20-та загуба во финалињата и продолжува да чека трофеј уште од 2013 година.

CATEGORIES
Share This