МИЦКОСКИ ВО ЊУЈОРК СО ГУТЕРЕШ Европските интеграции и регионалната соработка на маса
На средбата е истакната одличната соработка меѓу ОН и Северна Македонија, како и поддршката за мултилатерализмот.

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Како што соопшти канцеларијата на Гутереш, на средбата била истакната одличната соработка меѓу Обединетите нации и Северна Македонија.
Мицкоски и Гутереш разговарале и за европските интеграции на земјава, регионалната соработка и значењето на поддршката на мултилатерализмот.
Значајната дипломатска средба се одржа непосредно по официјалното обраќање на македонскиот премиер на меѓународната сцена.
Мицкоски претходно се обрати на генералната дебата во рамките на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ги претстави позициите на Северна Македонија за актуелните глобални кризи и регионалните предизвици.
Со средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, премиерот ги заокружи дипломатските активности, разговорите и билатералните средби со меѓународни претставници за време на есенското заседание во Њујорк.

