МИЦКОСКИ НАЈАВУВА Владина реконструкција и можни избори
Мицкоски најави разговори за промени во извршната власт следната недела.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе започнат разговорите за најавената реконструкција на Владата. Тој истакна дека Владата влегува во втората половина од мандатот и дека е политички оправдано да биде подготвена за сите сценарија, вклучително и можноста за предвремени парламентарни избори.
Мицкоски нагласи дека во овој момент не е прашање „дали“, туку „кога“ Али Ахмети ќе ја напушти функцијата.
Тој додаде дека според планот на Владата, редовни парламентарни избори се очекуваат во 2028 година, но дека власта е подготвена и за порано излегување на избори доколку опозицијата го побара тоа.
Во однос на актуелните политички случувања и средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарската потпретседателка Илијана Јотова, како и новите барања од Софија, Мицкоски рече дека Владата ќе продолжи да ги брани државните и националните интереси и дека е подготвена да излезе пред граѓаните на избори доколку е потребно.
ГОЛЕМА ПАРТИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА 30% нови лица влегуваат во игра


