СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ВО СПОРТСКИ РИТАМ – „Прв до врв“ повторно го освои Воднсо

Учесниците ќе се натпреваруваат во трчање, велосипедизам и Е-bike дисциплини, а финишот традиционално е на врвот на Водно.

СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ВО СПОРТСКИ РИТАМ – „Прв до врв“ повторно го освои Воднсо
Фото: Принтскрин

Спортски адреналин, рекреација и одлична атмосфера денеска ќе го исполнат Водно, каде се одржува 14-тото издание на традиционалната манифестација „Sparkasse Life – Прв до врв“.

Настанот и годинава носи богата програма и се очекува да собере стотици љубители на спортот и активниот живот. Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат или рекреативно да уживаат во неколку дисциплини како што се планинско трчање, друмски и планински велосипедизам, Е-bike трка, како и специјална тимска трка наменета за компании.

Велосипедските трки стартуваат во 9:45 часот кај Музеј на град Скопје, додека тркачките дисциплини започнуваат во 10:00 часот. Натпреварувачите ќе минуваат низ повеќе контролни точки сè до финишот на врвот на Водно, кој традиционално е центарот на целата манифестација.

Организаторите посочуваат дека настанот има за цел да ги промовира спортскиот дух, дружењето и престојот во природа. Секој учесник што успешно ќе ја заврши патеката ќе добие финишер медал, а за најдобрите се обезбедени награди во повеќе категории, како и специјални бонуси за нови рекорди.

По спортскиот дел, на врвот на Водно ќе следува забавна програма со музика, диџеј настап, свирка во живо и освежување за сите посетители.

CATEGORIES
Share This