МЕСИ ПОВТОРНО ЈА ЗАТРЕСЕ МРЕЖАТА И ОСВОИ ТРОФЕЈ – 100ти гол и 55-та асистенција за Интер Мајами

Аргентинскиот ас беше клучниот човек во финалето против Круз Азул – Интер Мајами за првпат го крена трофејот.

МЕСИ ПОВТОРНО ЈА ЗАТРЕСЕ МРЕЖАТА И ОСВОИ ТРОФЕЈ – 100ти гол и 55-та асистенција за Интер Мајами
Фото: Принтскрин

Лионел Меси освои уште еден трофеј со Интер Мајами, откако американскиот клуб славеше со 2-0 против Круз Азул во финалето на Купот Кампеонес.

Аргентинската суперѕвезда одигра клучна улога во триумфот и постигна гол и запиша асистенција. Со погодокот Меси стигна до јубилејниот 100-ти гол во дресот на Интер Мајами, додека асистенцијата беше негова 55-та за клубот.

Меси го отвори резултатот со удар со глава по одличниот центаршут на Луис Суарез. Интер Мајами потоа ја контролираше средбата, а победата ја потврди Касемиро со погодок по корнер, кога највисоко скокна во шеснаесетникот и ја затресе мрежата.

Купот Кампеонес, натпреварување во кое се соочуваат шампионот на МЛС и шампионот на Мексико, се игра од 2018 година. За Интер Мајами ова е прв освоен трофеј во ова натпреварување.

CATEGORIES
Share This