МЕСИ ГО ОСВОИ ВРВОТ, НО МУ ТРОПААТ НА ВАРТА Битката за „Златната копачка“ супер интересна
Аргентинската ѕвезда моментално е лидер со пет погодоци, но зад него се најголемите светски голгетери кои чекаат шанса за преземање на врвот.

На актуелниот Мундијал започна третото коло од групната фаза, а борбата за „Златната копачка“ станува сè поинтересна. Во моментов лидер на листата на стрелци е аргентинската суперѕвезда Лионел Меси, кој има постигнато пет гола на два натпревари.
Веднаш зад него се неколку голгетери со по четири погодоци. Винисиус Жуниор стигна до оваа бројка по три одиграни мечеви, додека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд имаат по четири гола на два натпревари.
Во трката се и голем број фудбалски ѕвезди кои веќе имаат по два погодоци, меѓу кои се Кристијано Роналдо, Каи Хаверц, Хари Кејн и Коди Гакпо.
Со оглед на формата на најдобрите напаѓачи, трката за најдобар стрелец на Светското првенство ветува голема неизвесност. Секој нов натпревар може целосно да ја промени ситуацијата на врвот, бидејќи најголемите ѕвезди продолжуваат да поставуваат нови рекорди.
Листа на стрелци:
5 гола:
- Лионел Меси (Аргентина)
4 гола:
- Винисиус Жуниор (Бразил)
- Килијан Мбапе (Франција)
- Ерлинг Халанд (Норвешка)
3 гола:
- Ундав (Германија)
- Манзамби (Швајцарија)
- Куња (Бразил)
- Дејвид (Канада)
- Саибари (Мароко)
2 гола:
- Кристијано Роналдо (Португалија)
- Каи Хаверц (Германија)
- Хари Кејн (Англија)
- Коди Гакпо (Холандија)
- Ојарзабал (Шпанија)
- Варгас (Швајцарија)
- Ајари (Шведска) …


