МАЛКУ ПОЗНАТА ИСТОРИЈА ЗА БЕЛИ МУГРИ Македонското книжевно богатство пред 87 години било илегално печатено во Хрватска

Во градот каде што пред 87 години илегално била печатена легендарната збирка на Рацин, со културна програма беше одбележана годишнината од нејзиното објавување.

МАЛКУ ПОЗНАТА ИСТОРИЈА ЗА БЕЛИ МУГРИ Македонското книжевно богатство пред 87 години било илегално печатено во Хрватска
Фото: Принтскрин

Во хрватскиот град Самобор на 28 ноември се одржа традиционалната манифестација „Рацинов ден – Бијела свитања“, во организација на Заедницата на Македонците во Хрватска и Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб.

По тој повод беа положени венци пред бистата на Кочо Рацин, а во програмата беа вклучени предавање за неговиот живот и дело, промоција на книгата „Кочо Рацин, проза и публицизам“, поетски рецитал и доделување награди на натпреварот „Рацин во моите очи“.

„Бели мугри“, единствената самостојна поетска збирка на Рацин, била објавена во Загреб во 1939 година, а илегално печатена во печатницата „Шпулер“ токму во Самобор. Содржи 23 песни кои имаат историско значење за развојот на македонската поезија.

На манифестацијата присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, и претставници на градот Самобор.

Настанот уште еднаш ги потврди културните врски меѓу Македонија и Хрватска, како и пријателството меѓу Самобор и Велес, родниот град на Рацин, кои се збратимени градови.

CATEGORIES
Share This