ЛАВРОВ ДО САД Ослободете го Мадуро
Москва бара итно ослободување на Мадуро и неговата сопруга, оценувајќи го нивното приведување како кршење на меѓународното право.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара од Соединетите Американски Држави што поскоро да го ослободат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.
Говорејќи на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, Лавров остро ја критикуваше американската операција во Венецуела и начинот на кој, според него, биле третирани Мадуро и неговата сопруга.
„На почетокот на оваа година, кршејќи ги сите норми, вклучително и моралните, американската инвазија на Венецуела заврши со заробување на претседателот Мадуро и неговата сопруга и нивно притворање без судење во американски затвор“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.
Според шефот на руската дипломатија, нивното приведување се случило и покрај, како што наведе, меѓународно загарантираниот имунитет и неповредливост на највисоките државни функционери.
Лавров упати барање за „итно ослободување на венецуелскиот лидер и неговата сопруга“, повикувајќи вакви случаи да не се повторуваат во иднина.
Тој истакна дека, според руската позиција, почитувањето на меѓународното право и заштитата на имунитетот на државните функционери мора да важат во сите околности.

