ЛАПОРТА БЕСЕН ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА – ВАР нè уништи, ова е срамота
Каталонците најавуваат нова жалба и бараат дополнително објаснување од УЕФА.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше судењето по елиминацијата од Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Иако Барселона загуби со 2:0 на домашен терен, а потоа победи со 2:1 во Мадрид, тоа не беше доволно за пласман понатаму.
Лапорта изрази незадоволство од судиските одлуки на двата натпревари, тврдејќи дека тимот бил оштетен. Според него, во првиот меч Барселона не добила чист пенал, а црвениот картон на Пау Кубарси бил престрога одлука, бидејќи, како што вели, требало да биде покажан само жолт картон. Тој додаде дека и ВАР интервенирал на начин што влијаел на конечната одлука.
Во реваншот, Лапорта повторно посочи спорни моменти, меѓу кои исклучувањето на Ерик Гарсија, поништениот гол на Феран Торес поради офсајд, како и ситуација во која смета дека требало да биде досуден пенал за Барселона. Дополнително, нагласи дека судирот меѓу Фермин Лопес и голманот на Атлетико бил груб и без соодветна санкција.
Барселона, според Лапорта, веќе поднела жалба до УЕФА, но таа била одбиена како неприфатлива. Клубот побарал дополнително објаснување и најавил нова жалба, истакнувајќи дека смета оти судиските одлуки директно влијаеле на нивната елиминација.
