КУБА ПРЕД КОЛАПС Русија преку ОН во обид да спречи хуманитарна криза
Русија најавува испорака на храна за Куба преку Светската програма за храна на ОН.

Русија има намера да испраќа храна на Куба преку Обединетите нации, изјави за РИА Новости заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Алимов.
„Планираме да испорачуваме прехранбени производи преку Светската програма за храна“ – рече тој.
Според рускиот функционер, преку Организацијата на ОН за индустриски развој, Москва помага и во модернизацијата на секторите за ѓубрива и земјоделска механизација на Куба.
„Сметаме на брзо започнување на заеднички проект со Детскиот фонд (УНИЦЕФ). Иако станува збор за Детскиот фонд, проектот има за цел зајакнување на услугите отпорни на климатски промени и развој на обновливи извори на енергија. Правиме сè што можеме и ќе продолжиме да го правиме тоа“ – додаде Алимов.
Во меѓувреме, САД го засилија политичкиот и економски притисок врз Куба во последните месеци. Во јануари, претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат царини за увоз од земјите што ја снабдуваат Куба со нафта.
Белата куќа исто така прогласи вонредна состојба поради, како што наведува, закана од Куба за националната безбедност на САД. Овие мерки дополнително го влошија недостигот на гориво на островот, што влијае на производството на електрична енергија, храната, транспортот, здравството и образованието.
ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ВНУКОТ НА ФИДЕЛ КАСТРО – Куба сака капитализам


