80 ПРЕКРШОЦИ ЗА ЕДНА ВЕЧЕР Еве што сè правеле возачите во Битола

Акциска контрола на МВР во Битола: таргет возачи на мотоцикли и тротинети.

80 ПРЕКРШОЦИ ЗА ЕДНА ВЕЧЕР Еве што сè правеле возачите во Битола
Фото: Принтскрин

На 13.06.2026 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот, на територијата на СВР Битола беше спроведена акциска контрола насочена кон санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.

Во рамки на контролата беа евидентирани вкупно 80 прекршоци кај моторциклисти, меѓу кои: 44 случаи на неносење заштитна кацига (шлем), пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за истечена важност на сообраќајна дозвола, две мерки за истечена важност на осигурителна полиса и 22 други видови прекршоци.

Дополнително, изречени се и 10 мерки кон возачи на електрични тротинети.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел заедничко придонесување кон поголема безбедност во сообраќајот.

CATEGORIES
Share This